Doctor Thoma

Курс за ИСХРАНА И РЕГУЛИРАЊЕ НА ТЕЛЕСНАТА ТЕЖИНА - Пријавувањето продолжува

Угоеноста  денес е масовна појава и слободно може да се каже дека е тоа вистинска Пандемија. Дотолку повеќе што околу 2/3 од светската популација на возраст над 18 години, се зафатени со прекумерна тежина и тоа претставува сериозен социјално – здравствен проблем на современото општество во целина.

Оваа појава на угоеност е изразито раширена во најразвиените земји на светот (САД, Канада, Западна Европа, Австралија и Нов Зеланд), каде е присутно изобилието во исхраната, но постепено се шири и во останатите земји.

Угоеноста настанува со натрупување на масти: во поткожното ткиво, мускулите, срцевиот мускул и во сите внатрешни органи, а особено во црниот дроб.  Причина за оваа појава на масовна угоеност, која во најголем дел е од егзогена природа, е како резултат на хипералиментација односно, со внесување вишок на енергетски материи во организмот – позитивен енергетски биланс.

Има тенденци угоеноста да се третира како болест, но таа не е болест, таа е состојба која може да предизвика болест. Угоеноста го предизвикува предвременото појавување на дегенеративните заболувања, како оние на срцето и крвните садови (атеросклероза, тромбоза на срцевите и мозочните крвни садови, зголемен крвни притисок), како и појава на шеќерната болест, заболување на црниот дроб, жолчните патишта и други. Кај многу угоените лица процесите на воспалување на дишните органи имаат многу лоша прогноза, не само поради веќе оштетувањата на срцето и крвните садови  туку и заради отежнување на вентилацијата на белите дробови.

Нема друг,  ниту подобар лек,  за симнување на вишокот килограми, за слабеење, освен смалување на внесувањето прекумерни енергетски вредни прехранбени продукти, односно смалување на внесувањето вишок калории во организмот. Затоа, угоеноста може успешно да се решава, само со правилен режим на исхрана.

Ние го избравме подолгиот пат за смалување на тежината, изработивме Програма – Курс, во траење од осум (8) недели. За овој период на време, нашите клиенти – студенти, ќе ги оспособиме како да го стопираат зголемувањето на тежината, да ги симнат прекумерните килограми и да ја одржуваат постигнатата тежина. За таа цел  го организираме Курсот ИСХРАНА И РЕГУЛИРАЊЕ НА ТЕЛЕСНАТА ТЕЖИНА, кој започна со работа на 25. Мај, 2022 година, но тој продолжува.

Секој ден зависно од пријавените кандидати и термините кои им одговараат започнува нов курс. Пријавете ден и саат (Понеделник – Сабота од 10:00 до 18:00 часот)  кога сакате да отпочне Вашиот курс "ИСХРАНА И РЕГУЛИРАЊЕ НА ТЕЛЕСНАТА ТЕЖИНА". 
Курсевите се одржуваат во просториите на Рударскиот Институт во Скопје, Општина Аеродром, Булевар Јане Сандански бр. 113, офис на I спрат бр. 21.
Можете да не конатктирате преку нашиот контакт на веб сајтот или преку порака на Фејсбук страната Doctor Thoma. Во пораката треба да се остават име и презиме, да се наведат кои се мотивите за пријавување и да се постават прашања за кои се сте заинтересирани.
Од срце Ваш Dr. Sc. Apostol Thoma, NWM
Category: