
Угоеноста денес е масовна појава и слободно може да се каже дека е тоа вистинска Пандемија. Дотолку повеќе што околу 2/3 од светската популација на возраст над 18 години, се зафатени со прекумерна тежина и тоа претставува сериозен социјално – здравствен проблем на современото општество во целина.
Оваа појава на угоеност е изразито раширена во најразвиените земји на светот (САД, Канада, Западна Европа, Австралија и Нов Зеланд), каде е присутно изобилието во исхраната, но постепено се шири и во останатите земји.